Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Отворени се нови можности за вработување на лица од социјално ранливите категории

0
By Ана Василевска on December 19, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Јованка Тренчевска
Јованка Тренчевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Придобивките и задоволството на граѓаните од првиот јавен повик кои ги користат овие социјални услуги ни беа мотив за вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на потпишувањето на договорите за грантови со претставници на избраните даватели на услугите и на општините.

„Посветеноста и заложбата на МТСП, на општините и на давателите на услуги за проширување на опсегот на општини, а со тоа и на корисници на овие услуги како дел од проектот за подобрување на социјалните услуги денес се видливи во повеќе општини. Од првиот јавен повик лиценциравме 22 услуги во 27 општини, а сега имаме нови 12 проекти, односно проекти кои ќе се спроведуваат во 17 општини. Од спроведувањето на првиот јавен повик имаме над седумстотини корисници, а со овој нов повик ќе имаме дополнително 500 корисници. Особено е важно дека со ова се отвора можност за нови вработувања, односно работни места за граѓаните од ранливите категории на граѓаните. Со првиот повик имаме 250 лица кои се вработени, а сега со овој нов повик и со вклучување на 12 проекти имаме дополнително 150 лица кои ќе добијат работа“, рече Тренчевска.

Според неа овие факти даваат мотив за спроведувањето на социјалните реформи.

„Добро е што повеќето од избраните општини се општини коишто се рурални, односно отвараме можности за нашите граѓани од руралните средини“, кажа министерката.

Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект, со доделување грантови се придонесува за проширување и унапредување на квалитетот социјалните услуги на локално ниво, како и за зголемување на опфатот со услугите.

Преку првиот повик, се реализираа 22 проекти во 27 општини. Од нив 16 се за помош и нега на стари лица во домот, три за дневни центри за деца со попреченост и по еден проект за дневен центар за стари лица со активно стареење, еден дневен центар за рехабилитација и реинтеграција  на лица со попреченост и еден проект за развој на услугата за советување. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 700 корисници во државата, а дополнителен бенефит е што дел од лицата кои се ангажирани за реализација  на проектите се граѓани од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

вработување Јованка Тренчевска Социјално ранливи групи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.