Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Добро утро на сите освен на пратениците

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 09:49

Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на пратениците, затоа што две години го блокираат предлогот на работничките синдикати за зголемување на работничките плати или за зголемување на минималната плата и сите останти плати за 6.000 денари“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Трендафилов вели како што ветиле денеска по 21 човек на две локации ги блокираат пратениците да не можат да дојдат на работа со сопствените возила на работа, да не можат да наплатат патни трошоци како да трошат керозин, туку да дојдат на работа пешки или со јавен превоз.

Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа, за да не се соочат со работниците на улица. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна, пратеничката плата, според последните најави, ќе се зголеми, не само за 9,2% како што пресмета гувернерот на Народната банка дека се зголемува просечната плата во 2025 година, туку и за 12,6% затоа што голема веројатноста е Уставниот суд да ја укине одредбата на Владата од претходната влада. Да биде срамот поголем, тие се подготвени нивните коефициенти да ги намалат за 9%, само за да не ги зголемат платите на работниците, рече Трендафилов пред едниот влез на Собранието на булеварот „11 Октомври“.

Затоа денеска сме тука во 9 часот за да ги блокираме да му покажаме дека нечовечеки се однесуваат кон работниците, бидејќи слушавме дека пратениците ги бранат своите плати а не работничките плати.

Според него денешниот ден треба да ги засрами сите, особено 120 пратеници, кои се избрани од народот. Блокадата ќе трае се до започнување на Собраниската седница во 11 часот.

Трендафилов се заблагодари и на полициските службеници кои се денеска заедно со нив на ладното, за да ги чуваат пратениците кои не сакаа да му ја зголемат платата.

 

блокада Собрание трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.