Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренер нов, песна стара: Карпош С. положи оружје и кај ФМП

0
By Нова ТВ on November 7, 2016 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ништо ново кај Карпош Соколи. Ниту промената на тренерот не донесе резултат на гостувањето во Белград во осмиот натпревар во АБА лигата во оваа сезона. ФМП Железник го совлада дебитантот во регионалното кошаркарско натпреварување со 67:62 за прекинување на сопствената низа од четири порази. „Соколите“ сега имаат 0-8 и се убедливо последни на табелата. Во наредното коло се домаќини на Будуќност, екипа што заедно со Црвена звезда е со максимален ефект засега.

„Дојдовме во Белград да играме, но е успеавме да го запреме Човиќ. Ја прифатив оваа екипа и ќе се обидам да ја подигнам иако нѝ следува тежок распоред“, рече Драган Николиќ, тренер на Карпош Соколи.

Филип Човиќ беше незапирлив за Карпош. Постигна 22 коша, подели осум асистенции, имаше еден скок, блокада и „украдена топка“ и го предводеше ФМП до третиот триумф во АБА лигата. Лабовиќ и Ричардс уфрлија по 13 поени за „соколите“, Пери 12 и Врбанц 10. Составот од Белград беше подобар под обрачите за четири коша, освои повеќе топки и загуби 12, дури десет помалку од гостите од Скопје.

„Едноставно немавме среќа. Во финишот се случи и пад на концентрацијата и не успеавме до прва победа во сезоната, коментира Игор Пенов.

 

АБА лига Карпош Соколи кошарка ФМП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.