Во време кога се бориме за нашиот идентитет, време е да се потсетиме и на дигиталниот идентитет на нашата земја и на нејзините великани.

Разочарувачки е тоа кога сакате да создадете нов креативен материјал (статија, презентација, книгичка, видео…) за ликот и делото на некој наш деец и не можете да најдете ништо повеќе од официјалните фотографии! Со историските ликови е уште пострашно, се менуваат неколку прастари илустрации и тоа е тоа.

Обидете се на Google Search на пример да најдете илустрации на Горан Стефановски, а потоа на Никола Тесла и веднаш ќе забележите разлика.

Во обид да го „поправи“ тоа, тимот на Арно.мк ја овозможи својата платформа да се подобри состојбата со дигиталниот идентитет на Македонија и нејзините значајни личности.

Бранко Прља (графички дизајнер) и Владимир Карер (програмер) за таа намена направија модел на апликацијата за машинско учење (вештачка интелигенција) наречена Stable Diffusion. Официјалната апликација не го препознава и дава резултати кои немаат врска со ликот на Горан.

Со тренирањето моделот се учи да го препознае ликот на Горан Стефановски и потоа да може да се користи во комбинација со различни уметнички стилови да даде оригинални и досега невидени резултати. За сега моделот е приватен, но наскоро ќе биде споделен за јавно и слободно користење.

Откако го тренираа моделот, авторите направија негово тестирање со стилови на повеќе класични и модерни уметници. Ова се резултатите, па лапајте!

Goran Stefanovski (Greg Rutkowski style)
Goran Stefanovski (Retro comic style)
Goran Stefanovski (Banksy style)
Goran Stefanovski (Jim Lee style)
Goran Stefanovski (Keith Haring style)
Goran Stefanovski (Kim Jung Gi style)
Goran Stefanovski (Picasso style)
Goran Stefanovski (Rembrandt style)
Goran Stefanovski (retro propaganda style)
Goran Stefanovski (Robert Crumb style)
Goran Stefanovski (Tristan Eaton style)
Goran Stefanovski (Van Gogh style)
Goran Stefanovski (Wes Anderson style)
Goran Stefanovski (Butcher Billy style)
Goran Stefanovski (Cristina Daura style)
Goran Stefanovski (David Hockney style)
Goran Stefanovski (Andy Warhol style)
Goran Stefanovski (Edvard Munch style)
Goran Stefanovski (Hiromu Arakawa style)
Goran Stefanovski (Jillian Tamaki style)
Goran Stefanovski (Malika Favre style)
Goran Stefanovski (Norman Rockwell style)
Goran Stefanovski (Paul-Cézanne style)
Goran Stefanovski (Ralph Steadman style)
Goran Stefanovski (Richard Corben style)
Goran Stefanovski (Roy Lichtenstein style)

Целта на оваа статија е да ги поттикне нашите креативци да ги искористат алатките на вештачка интелигенција за повеќе вакви обиди за да се збогати и промовира нашето културно, уметничко, научно и интелектуално наследство кај нас и во светот. За дигиталниот идентитет, напред!

Извор: Арно