Претседателот на Руанда, Пол Кагаме го освои и својот трет мандат на чело на државата, а во својот говор побара заедничка работа помеѓу они кои гласале за него и оние кои не му ја дале поддршката.
– Оваа победа им припаѓа на сите граѓани на Руанда. Ветувам дека ќе го надградам она што сум го постигнал до сега и ќа ја трансформирам земјата, порача Кагаме во победничкиот говор.
Тој ужива позитивни критики за економските резултати, но исто така критикуван е од меѓународни организации дека ги крши човековите права и ја замолчува опозицијата.
Кагаме ја вчерашните избори ја доби поддршката од речиси 98 отсто од гласачите.
Кагаме ја води државата од завршувањето на големиот геноцид во Руанда во 1994 година, кога беа масакрирани повеќе од 800.000 припадници на Тутси народот.




