Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет протестен марш на српската опозиција во Белград

0
By Нова ТВ on December 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската опозиција синоќа во Белград одржа нов протест против власта под слоганот „Еден од петте милиони“.

Според организаторите на собирот, на ова трета по ред протестна прошетка низ улиците на Белград, учествувале околу 40.000 „незадоволни граѓани“, носејќи го транспрентот „Стоп за крвавите кошули“.

Како што јави МИА од Белград, колоната на граѓани кои протестираа беше долга речиси еден километар. Тие се движеа по централните улици на Белград, од „Студентскиот плоштад“, минувајќи пред Владата на Србија, па се до плоштадот „Славија“.

Демонстрантите кусо се задржаа пред зградата на РТС, создавајќи „пет минути бучава“ во знак на протест против информирањето на државната телевизија за искажаното незадоволство на протестите од актуелната состојба во Србија.

Фото: Бета

Пред почетокот на протестот на присутните им се обратија актерот Бранислав Трифуновиќ, карикатуристот Душан Петричиќ и новинарот Милан Јовановиќ, кому неодамна му беше запалена куќата.

– Никогаш не ни било полошо, а ние за тоа молчиме и шепотиме. Луѓето молчат од страв, бидејќи денес изговорениот збор е опасност. Заради него може да се загуби главата, како што и јас самиот замалку ќе ја загубев, изјави Јовановиќ, додека Петричиќ рече дека со „заминувањето на претседателот Александар Вучиќ, борбата за демокртија не е завршена, таа допрва започнува.“

Протестот беше најавен како непартиски, но на него учествуваа преставници на речиси сите опозициски партии во Србија.

Претходните две саботи, протестните прошетки се одржаа под мотото „Стоп за крвавите кошули”, како одговор на нападот врз лидерот на опозициската партија Левица на Србија (ЛС), Борко Стефановиќ во Крушевац, а слоганот “Еден од пет милиони” следеше по коментирањето на првиот протест од страна на српскиот претседател Вучиќ, кој рече дека нема да исполни ниту едно барање на опозицијата, колку и да излезат на улиците да протестираат, дури ако се соберат и пет милиони луѓе и колку и долго да траат протести.

Вучиќ и синоќа го прокометира собирот, изјавувајќи дека „нема проблем со протестите, бидејќи секогаш излегувал посилен, а организаторите послаби“.

Фото: Н1

Организаторите најавија нови протести и наредната сабота, како и ширење на протестите во Нови Сад и во други градови.

протест Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.