Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Третиот амандман: Потребна ли е гаранција за територијален интегритет

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 10, 2018 16:49

Целта на третиот нацрт амандман со кој се прават измени во членот три од Уставот на Република Македонија е да се потврди определбата дека Република Македонија и Грција немаат територијални претензии една кон друга, дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави и го почитува нивниот суверенитот, територијалниот интегритет и политичка независност, сметаат членовите од СДСм кои овој став го изнесоа на продолжението на комисиската расправа за уставните амандмани. Членовите на Комисијата од опозицијата пак, сметаат дека овој  амандман е непотребен и треба да се повлече, бидејќи нашата држава немала и нема територијални претензии кон ниту една соседна држава.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров појасни „факт е дека ние сме тие кои мора Македонија да си направиме подобра, но исто така е факт дека поради разликата околу името една цела генерација изгубивме“. Острануваме, посочи, пречка за да го почнеме процесот од Македонија да си направиме европска демократија.

– Кога спомнав вчера дека сме Македонци тоа го спомнав во дебата со пратеник на Нова Демократија во АФЕТ, во комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој ме праша сега после Договорот, ако се заврши овој процес што ќе бидете вие. Јас му кажав дека ќе бидам Македонец, кој ќе зборува македонски јазик, дека тоа е неспорно мое право на самоопределување и самоидентификација, дека по Договорот по членот седум сме успеале да најдеме начин дека кога ќе се кажеме ние како Македонци тука во нашата држава не мислиме на истото што го мислат оние Грци кои на свој начин се идентификуваат како Македонци. Министерот за надворешни работи на Германија вели имате историска шанса и постојано честитаат што сме успеале да го направиме. Тоа е заемно растење, затоа оваа победа е победа на двете држава, меѓутоа и ние растеме и тие растат и гледаме дека и кај нив работата не оди едноставно, рече Димитров.

Не залудно, потенцира министерот, овој процес го нарекуваме историски.

– Време е го затвориме тоа поглавје и да се занимаваме со нештата кои се вистина важни, да се натпреваруваме со соседите кој има подобро здравство и кој има почист воздух, и чии судии се понезависни, а не која е најстара нација на Балканот, додаде Димитров.

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ праша „дали Република Грција се плаши дека територијалниот интегритет и суверенитет им е загрозен од нас, зошто да им е загрозен“.

– Тие сакаат со овој Договор да затворат сите свои дилеми и полека ги затвораат. Ние сме мирољубив народ сме го докажале тоа. Секогаш македонскиот народ сакал искрено пријателство и искрени добрососедски односи, истакна Деспотоски.

Независната пратеничка Ивана Туфегџиќ смета дека со решавањето на овој спор стануваме исклучиво само ние виновни за се што нема или за се што ќе направиме.

-Тоа е еден нов момент кој мојата генерација, генерациите после мојата генерација ќе може да научат да го преземат, а тоа е принципот на одговорност. Досега за жал 27 години живееме со матрицата дека некој друг ни е виновен, дека само на нас ни се случува и голем дел од работите се уникатни и се само за нас. Треба да согледаме колку сме ние виновни, колку ние имаме одговорност, колку другите имаат одговорност и што може да направиме во еден 21 век, во еден современ свет да ги поправиме односите и да ја изградиме довербата, додаде Туфегџиќ.

 

Според Татијана Лалчевска од СДСМ, со македонско-грчкиот договор нашата држава добива имотен лист.

– Анализата на амандманот 35 упатува на доразјаснување на членот три. Во основа тоа е преземена обврска од Договорот во Преспа со која еднаш засекогаш треба да се искорени каков сомнеж за некаков иредентизам од наша страна. Да ја искористиме оваа подадена рака од нашите меѓународни пријатели, додаде Лалчевска.

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во реплика рече „пофер е пред македонскиот народ и пред граѓаните на Република Македонија да кажете ова е лош договор, но уценети сме, мора да го прифатиме…“

Реплицирајќи му ја Ѓорчев, Лалчевска рече дека со овој нацрт-амандман се прави потврда дека и двете земји нема да имаат територијални претензии една кон друга.

– Не ја разбирам и не ја поддржувам потребата за дополнување на членот три во сегашниот Устав, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Соња Мираковска од НСДП, во контрареплика на Ѓорчев рече дека во овој момент и со овој Договор, со се што прави Македонија се одземаат аргументите на националистите кои единствено на таа база градат стратегии и позиции и така успеваат да владеат, како што се владееше 11 години, билдање национализам, дефинирање кои се предавници, кои ја предаваат државата, кои се тие патриотите.

– Така успеаја да владеат на најмизерен начин без да обезбедат иднина на својот народ. Тоа беше досега што се правеше. Веќе не може, тие аргументи ќе бидат одземени. Нема да може на таа основа да се води неодговорна политика како што се правеше досега, додаде Мираковска.

Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ праша дали во Уставот на Република Грција стои ваква одредба дека го почитуваат суверенитот, територијалниот интегритет и политичка независност на соседните држави.

Министерот Димитров појасни дека оваа обврска што се уредува во членот три и членот четири во однос на границата е реципрочна, двете страни потврдуваат дека постоечката меѓусебна граница е трајна и неповредлива, ниту една од страните нема да има или да поддржува никакви претензии кон било кој дел од територијата на другата страна или, пак, претензии за промена на нивната граница итн.

Расправата продолжува попладнево.

дебата Комисија за уставни прашања Нацрт амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.