Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања

0
By Нова ТВ on November 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 10, 2018 11:02

Третиот нацрт-амандман, што се однесува на членот три од Уставот на Република Македонија е на дневен ред на денешното продолжение на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања.

Со нацрт-амандманот практично се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Целосен текст на нацрт амандманите на Уставот и Преамбулата

Шефот на македонската дипломатија вчера на седницата само кусо го појасни третиот нацрт-амандман, а денеска пратениците ќе ја отпочнат расправата по него.

-Врз основа на Договорот се утврдува меѓусебната постоечка граница меѓу Репбулика Македонија  Република Грција како неповредлива меѓународна граница, при што се презема реципрочна обврска ниту една од двете држави да нема некакви претензии кон кој било дел од територијата на соседната држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебно постоечка граница. Двете држави, исто така се обврзаа дека нема да поддржуваат претензии од трети страни во однос на неповредливоста на нивната заедничка граница, рече Димитров.

Република Македонија и Република Грција се обврзаа, додаде тој, да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседот и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени кон суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.

Исто така, нагласи Димитров двете држави презедоа обврска во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации да се воздржуваат од закани или употреба на сила, со намера да се наруши нивната меѓусебно постоечка граница.

Министерот појасни во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на РМ е неделива и неотуѓива, постојната граница на РМ е неповредлива, РМ нема територијални претенизи кон соседните држави, а границата на РМ може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност согласно општо прифатените меѓународни норми.

Со девет гласа „за“ и седум „против“ вчера попладне помина вториот нацрт-амандман, со кој во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. Првиот нацрт-амандман во матичната комисија помина завчера, а со него се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член 36 каде има историски аспект.

Во четвриот нацрт-амандман , покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот за што е потребен 61 глас. Нацрт-амандманите на Уставот на почетокот на месецот пристигнаа во Собранието, а пленарната седница на која ќе бидат разгледани претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 1 декември.

Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Собранието на 19 октомври со 80 гласа „за“ донесе одлука за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од Преспа. Осуммина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа „за“ уставни измени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.