Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тргнаа властодршците во нов поход да ни докажуваат колкави патриоти биле

0
By Zoran Ivanov on April 23, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 23, 2026 18:51

Андреј Жерновски: Како? Преку предлог Законот за државјанства, со кој пратениците не може да имаат двојни државјанства. Секако, ова да не важи и за актуелниот состав, де.

Сега повторно околу нивниот капацитет, за кој упорно (ќе) зборувам.

На генијалците не им текна дека кога ја тераат јавноста да гледа кон парламентот, со тоа кажуваат друга многу поважна работа- НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ВЛАДАТА! НИКАКО!

Зошто? Па зашто таму врие од бугари, од пробугари, од бугари со државјанство, како и од оние кои покренале постапка за поседување бугарски пасош, ама не стигнале да го извадат.

Кои се тие патриоти?

Па, ајде да почнеме со првиот, а зошто не и со вториот човек во Владата.

Поминаа 8 МЕСЕЦИ како Мицкоски

упорно одбива да ја демантира веста која беше објавена во бугарски весник дека лично тој поднел барање за издавање на бугарски пасош. Според изворот, во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство.

Како што стои во текстот на медиумот, во тоа време генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов. Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат фирми во соседна Бугарија, додавајќи и дека снаата на премиерот има бугарски пасош.

Да постетам дека за да започнеш постапка за добивање на бугарски пасош, мора да се изјасниш дека се чувствуваш блгарин, дека имаш блгарско самочувствие, секако и СВОЕРАЧНО ДА ПОТПИШЕШ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН, односно дека сите македонски дејци се Бугари.

Сега малку и за вториот човек во хиерархијата, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Тој “машки и громогласно” 12 МЕСЕЦИ ја премолчува и не ја демантира веста објавена во бугарските медиуми дека е БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН!

Понатаму, дека е сопственик на компанијата регистрирана во Бугарија, „Флугбан Транс” ДОО, кој својот бизнис го развива во Ќустендил од 2015 година. Ниту ја демантира веста како бугарското државјанство го стекнал повикувајќи се на тоа дека потекнува од семејство со длабоки корени во бугарското ослободително движење преку неговиот прадедо Димитар Јанушев, кој бил истакнат член на Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО).

Да не го заборавиме и сведокот за празниот буџет на државата, министерката за енергетика Сања Божиновска, која јавно призна дека била бугарска државјанка и која веќе 20 МЕСЕЦИ никако да се доконсултира со нејзиниот адвокат во врска со прашањето на новинарите дали сè уште има бугарска самосвест.

Ете, тоа се нашите ПАТРИОТИ. Нашите КОМИТИ, кои со документи за бугарски пасоши во раката се најревносните антибугари.

Комично?

Тргично?

ТРАГИКОМИЧНО!

П.С. “Имам чувство”, односно “гласините велат”, дека во наредниот период ќе се појават во јавноста наведените документи.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Андреј Жерновски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.