Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тргна ли вечерва “барокизацијата” на ГТЦ?

0
By Нова ТВ on August 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 5, 2016 00:00

На социјалните мрежи во Македонија вечерва се појави слика на која се гледа дека дел од Градскиот трговски центар (ГТЦ) од страна на Паркот на жената борец до Порта Македонија е ограден со тараби.

Ова може да значи дека Владата одлучила да го пресоблече ГТЦ, архитектонски значаен и култен објект во Скопје, во барокно руво како што одамна најавува.

1

На оградата нема никакви ознаки и не е познато зошто е поставена. Според коментари на социјалните мрежи може да се работи и за реновирање на Паркот на жената борец. Но, засега нема потврда зошто е поставена оградата.  Општина Центар вели дека нема таква информација но вечерва главниот инспектор на Општината излегол на терен.

Скопјани одамна протестираат поради намерата на Владата да го пресоблече ГТЦ во барок. Минатата година во април се одржа референдум на кој не беше изгласано зачувување на ГТЦ во актуелната форма. Но, борбата за негово зачувување продолжува, тврдеше лани граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.

Пред една година, по референдумот, директорот на ГТЦ Аго Абазовски изјави дека реконструкцијата на ГТЦ нема да почне барем уште неколку месеци бидејќи во моментов се изработува физибилити студија за исплатливоста и начинот на инвестицијата.

Во почетокот на јули оваа година, Владата ја одзеде ингеренцијата на Општина Центар за ГТЦ и го прогласи за објект од посебен интерес исто како и Македонската опера и балет (МОБ)  и Националната универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ (НУБ), заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. Министерството за култура тогаш соопшти дека нема да има никаква промена на фасадите на МОБ и на НУБ. Но, во истото соопштение не беше спомната одлуката за преслекување во барок на Градскиот трговски центар.

По ова нема повеќе законски пречки за реновирање на ГТЦ во стил барок. Асоцијацијата на архитекти на Македонија неодамна предупреди дека овој тајминг не е случаен и дека полесно ќе се тргне во реновирање поради тоа што за време на летните одмори нема да има многу реакции и протести.

Тогаш градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот.

Според познавачите на досието, сите планови за почеток на работите се завршени.  ГТЦ треба да добие уште еден кат со влезови со антички столбови, скулптури и три куполи на покривот.

барок ГТЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.