Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој Украина и воведува економски санкции на Русија.
Тоа предвидува суспендирање на зоната за слободна трговија со Москва во рамките на Заедницата на независни држави и воведување ембарго за увоз на повеќе руски производи.
Ова е одговор на Киев на одлуката на руската одлука за производно ембарго и за суспендирање на зоната за слободна трговија.
Според оваа одлука, на 2 јануари ќе биде прекината Спогодбата за зоната за слободна трговија со Русија, а од 10 јануари на сила стапува забраната за увоз на одредени производи од Русија.
Москва претходно објави дека од 1 јануари Русија воведува акцизи и производно ембарго спрема Украина, слично како кон земјите кои ги поддржуваат антируските санкции.
Истовремено, руската Дума усвои закон со кој се запира важноста на Спогодбата за слободна трговија со Украина, склучена во рамки на Заедницата на независни држави.




