Во Градскиот трговски центар, под мотото „Размрдај го ГТЦ“, в четврток, петок и сабота ќе се одржат дневни новогодишни журки. Целта на настанот е заживување на трговскиот центар и враќање на некогашните дух и лик.

На двата влеза во ГТЦ ќе бидат поставени бини, на кои ќе настапуваат наши пејачи и диџеи. Трите дена програмата ќе ја отворат лица со попреченост, кои ќе настапат со свои точки, а од 12 часот ќе има детска програма. В четврток од 13 до 15 часот ќе настапат Бени и „Нон стоп“, в петок се ДНК, а в сабота Златко Ориѓански, заедно со Бени. На втората сцена, пак, од страната на киното „Милениум“, секој ден од 12 до 17 часот диџеи ќе пуштаат музика.

-Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Ќе има место кадешто ќе се собираат донации секој ден за различно семејство, на кое му е потребна помош. Исто така, граѓаните ќе можат да донираат средства и за лицата со попреченост, кои, исто така, со свои точки ќе учествуваат, рече Панчо ДНК.

Распоред на програмата:

 

28.12. (четврток)

*Главна сцена:

– Детска програма (12-13ч)

– Бени и Нон Стоп (13-15ч)

– The Ringtones (15-17ч)

*Dj сцена:

– Мартин (Antenna5) (12-14.30ч)

– Вера Јанкович (14.30-17ч)

 

29.12.(петок)

*Главна сцена:

– Детска програма (12-13ч)

– ДНК (13-15ч)

– Thea and the Band (15-17ч)

*Dj сцена:

– Маци Стојанович (12-14.30ч)

– Irie Scratch (14.30-17ч)

 

30.12 (сабота)

*Главна сцена:

– Детска програма (12-13ч)

– Златко Ориѓански & Бени (13-15ч)

– Bendover (Кума и Црни) (15-17ч)

*Dj сцена:

– Драган б. Костиќ (12-14.30ч)

– Цена (14.30-17ч)