Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три години од Преспанскиот договор

0
By Biljana on June 22, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 22, 2021 12:34

Автор: Емил Димитриев

Деновиве се навршија три години од потпишувањето на договорот со кој се надеваме целосно се затворија отворените прашања со нашиот јужен сосед, кои пак беа главна пречка за нашиот прием во НАТО. Колумнава е претесен простор за квалитетна елаборација на темата, но ќе се обидам повторно да дадам свое мислење и да споделам одредени мои активности за и околу него.

Постои веројатност некој што не ме познава да го постави прашањето зошто сега ги споделувам, тоа е затоа што претпочитам превземање конкретно дејствие за решавање на одреден предизвик, отколку негова елаборација. Имајќи ја во предвид геостратешката позиција на Македонија, договорените сфери на влијание уште на Јалта 1945 година како и националните интереси на нашата земја, знаев, а верувам и многу други знаеа дека нерешениот статус за нашето зачленување во НАТО повеќе не е одржливо. На самиот почеток на преговорите тоа беше првата важна варијабла на проблемот. Втората исто така важна, од поодамна потврдена варијабла или состојба беше дека „ахиловата пета“ на македонската политика е неединството. Предизвикот беше како овие две нешта ќе ги вкрстиме и уште поважно кој ќе биде крајниот резултат од тоа. Мудроста на домашната политика лежи во тоа како националните интерси да ги реализираме преку повисоките геостратешки влијанија кои се на ниво на аксиома.

Тргнав од тоа дека првата варијабла е независна и непроменлива уште подолг период. Фокусот требаше да се стави како ние дома ќе се поставиме, да постигнеме максимален ефект со минимални загуби, реализирајќи го општо прифатениот приоритет. Во иднина за да не се прашувам што сум направил лично во овој исклучително важен момент, се одлучив да превземам чекор без никакво очекување за загарантиран успех. На моја иницијатива, бргу по предавањето на владиниот кабинет, разговарав со претседателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Заев. Главен предлог до двајцата ми беше да се воспостави, ако нема, комуникација по ова важно прашање помеѓу двете партии, а понатаму да се прошири колку е можно и со останатите. Во разговорите од двете страни ми беше потврдено дека по ова прашање нема никаква меѓусебна комуникација, а искрено за друго ниту ме интересираше ниту прашав. Волја за воспоставување на дијалог постоеше и кај двете страни, но недостасуваше минимум меѓусебна доверба во тој момент да се разговара заеднички на темата решавање на спорот и влез во НАТО. Тогаш знаев дека не чека тежок и болен процес со голема веројатност за реализација на најлошата варијанта на договор што во процесот на преговарање сме ја имале. Иако бев разочаран од силната поделеност, бев убеден во исправноста на моите размислувања, нив успеав да ги презентирам и на клучните чинители кои го помагаа процесот. Главни тези со кои сакав да го свртам вниманието на партнерите од надвор, беа дека вакво ислучително важно прашање не се менаџира еднострано со една партија, без да биде вклучена најголемата партија во земјата.

Дека е неопходно да се реализира кредибилно изјаснување на граѓаните за истиот. Сето она што се превзема за негово изгласување во Собранието е негова најголема компромитација. И на крајот дека се’ може да се заврши на ваков или онаков начин, но треба да се размислува за последиците од тој процес, како ќе влијаат на идната кохезија во општеството. Ова мое размислување содржеше предлози до сите фактори кои беа или требаше да бидат вклучени во процесот, со цел да се постигне најдобро решение. Во разговорите со власта, предлогот беше да се вклучи и опозицијата, ефектот од тоа да биде да имаат посилни позиции во преговарањето и да ја поделат одговорноста од компромисот. Предлогот до опозицијата беше да се вклучи во процесот (имаше вaријанти на кој начин), ќе се направеше поделба на одговорноста, но влогот да биде многу подобар договор од овој кој се потпиша. Таквата позиција е апсолутно вмровска, да се „крвари“ но да имаме многу подобар договор за Македонија.

Во спротивно можеме да се држиме надвор од процесот да обвинуваме за предавство, но треба добро да се пресметаме дали во иднина можеме нешто да промениме. Предлогот во разговорите со претставниците на меѓународната заедница беше да се постигне инклузивност на релевантните партии, на основа на предлог договор од минатото, кој во споредба со овој што е на сила можеме само да го сонуваме. Ефектот од тоа ќе беше огромен, најкратко кажано, сите несакани работи кои ги гледавме во процесот ќе ги немавме. Бидејќи го пробив лимитот за големината на писанието, овде ќе завршам, многу работи останаа за некоја наредна прилика. На крајот само искрено ќе заклучам, формата и суштината на договорот како и начинот на неговата реализација, беше и е досега мое најголемо разочарување колку можеме да работиме на сопствената штета.

Емил Димитриев колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.