Published: Sunday, October 25, 2015 13:16
Три лица загинаа а 15 се исчезнати откако блиску до островот Лезбос во Егејско Море се преврте чамец што превезувал мигранти од Турција за Грција.
Во чамецот патувале 60 мигранти. Тој удрил во подводна карпа во близина на источниот дел на островот Лезбос и од ударот во водата паднале дел од мигрантите. Во несреќата загинале една жена и две деца.
Петнаесетината мигранти, по кои се трага, не можеле да плутаат на површината на водата затоа што на себе имале спасувачки ремени со лош квалитет.
Крајбрежната стража почна потрага по настраданите. Се смета дека повеќето од нив се Авганистанци.




