Published: Sunday, October 27, 2019 13:05
Три лица се убиени, а 20 се повредени во вооружен напад за време на забава во близина на студентски кампус на универзитетот во Гринвил, Тексас.
Стотици студенти присуствувале на забавата во Гринвил, за да го прослават стартот на новата учебна година на Колеџот за трговија во Тексас. Во студентскиот кампус имало 750 ученици.
Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.
Си-Ен-Ен пренесува дека пукањето се случило во изнајмена сала, од страна на студентско братство.
Напаѓачот е во бегство, а истрагата во тек.




