Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три милиони луѓе заразени во светот, Британија во деликатна фаза

0
By Нова ТВ on April 26, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2020 19:47

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.965.730 лица. Од нив починале 205.661, а оздравеле 871.286 луѓе.

– Велика Британија е во деликатна и опасна фаза од епидемијата на коронавирусот и нема да добие вакцина до следната година, изјави денеска заменик премиерот Доминик Раб. На последниот ден на функцијата заменик на Борис Џонсон, министерот за надворешни работи за Скај Њуз рече дека не е „одговорно“ да се изнесуваат начини на кои можат да се олеснат мерките. Тој сепак наговести дека луѓето кои пристигнуваат во земјата мора да бидат приморани на карантин во траење од две недели – максимално време кое е потребно пред некој што е заразен со вирусот да почне да покажува симптоми. Британската Влада е под голем притисок да ги ублажи строгите мерки за социјално дистанцирање, поради загриженоста што и се нанесува на економијата.

Новиот лидер на лабуристите, Сер Кејр Стармер, ги повика министрите да објават стратегија за излез и да го следат примерот на другите земји во „искрени разговори со јавноста за тоа како би моѓеле да изгледаат новите аранжмани”. Раб го отфрли предлогот велејќи: „Мораме да бидеме сигурни дека следните чекори се сигурни, поради шти постапуваме многу внимателно.

– САД се светско жариште на пандемијата на коронавирус. Според последните информации, во земјата се забележани над 940.000 заболени, или речиси една третина од вкупниот број на инфекции на светско ниво. Додека од коронавирусот починале над 54.000 лица, или повеќе од една четвртина од вкупниот број на починати во светот.

– Бројот на нови случаи на коронавирусот во Холандија се зголеми за 655, па вкупниот број на заразени достигна 37.845, соопшти Министерството за здравство. Починале вкупно 4.475 лица.

– Американски видри од две фарми во Холандија се позитивни на Ковид-19.

– Во Африка се регистрирани повеќе од 30.000 случаи на коронавирусот, а заразата е присутна во 54 земји, соопшти денеска Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Досега во Африка од Ковид-19 починале 1.374 луѓе.

– Во Либан од утре ќе стапи во сила одредба со која се олеснуваат некои мерки воведени со цел борба против коронавирусот.

– Првпат од почетокот на кризата на Малта во последните 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, рече министерот за здравство Крис Фирми и додаде дека поради тоа наскоро ќе се олеснат некои рестриктивни мерки.

– Во Словачка бројот на заболени се зголеми на 1.379. Вкупниот број на починати порасна на 18.

– Според последните официјални податоци, во Англија, Шкотска и Велс во болниците во последните 24 часа починале уште 368 луѓе, вкупно 18.420 до сега. Во оваа бројка не се вклучени смртните случаи од последици од Ковид-19 вон болниците.

– Израелските власти денеска дозволија некои компании повторно да отворат и наведоа дека разгледуваат можност децата да се вратат во училиште како дел од напорите за олеснување на ограничувањата и помошта за економијата.

– Германските власти тестираа 450 жители на еден станбен комплекс во Гревенброих во западна Германија, затоа што две заразени семејства ги прекршиле правилата за карантин.

– Во Португалија 500 мигранти ќе бидат тестирани на коронавирусот, а некои од нив ќе бидат сместени во хостели и апартмани кои се издаваат на туристи и кои се празни поради епидемијата. Чекорот следува откако вирусот минатата недела се појави во еден мигрантски хостел.

– Во БиХ во последните 24 часа се потврдени уште 15 заразени со што вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 достигна 826. Вкупно оздравеле 256 пациенти, а почнале 32 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска од Ковид-19 заболеле уште 14 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 2.030. Во земјата досега починале вкупно 55 лица, а излекувани се 1.103 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.