Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три писма

0
By Zoran Ivanov on February 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 15, 2026 11:39

Неспособна да се соочи со сопствената одговорност,власта го повикува јавното обвинителство да ја преиспита работата на поранешнто Специјалното јавно обвинитекство,па дури тогаш да се расправа за скандалот со марихуаната. Случај кој оддамна заврши со судска разрешница.Намерата е јасна. Во составот на актуелното јавно обвинителство има обвинители кои биле дел од некогашното СЈО и тие ги сметаат за сериозна закана за актуелните носители на јавни функции. И затоа тие треба да се компромитираат и да немаат кредибилитет да водат постапка против функционери од власта.

Тито Пектковски

За време на социјалистичкиот период, во Македонија, како виц се прераскажуваше една духовита досетка за директорите кои требаше да си заминат од челната позиција во компанијата.

Имено,во услови на лошо работење и постојани загуби на одредена компанија,директорот на компанијата, како поука до својот наследник,во касата за доверливи документи секогаш оставал три писма.Истите се отворале и читале одвоено и по истек на определено време. Првото,па второто и последно се отварало третото писмо.Во првото писмо(парафразирам), стоела порака до новиот директор за тоа што треба да направи во почетокот на својот мандат. Пред се’, да ги употреби сите свои сили,знаења и организациски

способности, за да ја извлече компанијата од криза и работите да тргнат на добро.На крајот од писмото следи препорака според која,доколку и покрај се, не успее да ја надмине кризата и не ја консолидира и стабилизира компанијата,да го отвори второто писмо.

Во второто писмо му се советувало, жестоко да го нападне претходниот директор за неуспесите и неспособност, поради што компанијата влегла во незавидна и безизлезна состојба. На крајот од писмото стоела препорака,доколку не му успее,и покрај употреба на сите средства, доволно да го оцрни и сета вина да ја префрли на преходниот директор,тогаш да го отвори го третото писмо. Во него стоела само една реченица-напиши три писма и поднеси оставка.

Кога гледам како се однесува актуелната влада и особено владеачката партија,се си мислам дека, и по не цели две години од мандатот,првото писмо веќе го искинале, го фрлиле во канта за отпадоци и многу посветено работат на содржините од второто писмо. Во овој момент, не е познато колку долго ќе се задржат на второто писмо. Но,едно што можам да претпоставам е дека,тие не се подготвени самите да го отворат третото писмо и ќе чекаат тоа да го направат граѓаните на предвремени или редовни парламентарни избори. Така налагаат правилата на демократската игра. Кога ќе сеслучат тие,сеуште е неизвесно. Самата најава од владини кругови,за можна реконструкција на владата,во текот на првата половина од оваа година,покажува дека започнале да го скицираат третото писмо.

Сеуште во полн ек се активностите од второто писмо. За секоја лоша политичка одлука,афера или скандал,актуелната влада ја обвинува претходната. Нема потреба,ниту простор да ги спомнувам сите промашени политики на владата,бидејќи добро и се познати на граѓаните. Ќе ги спомнам само двата најсвежи примери,трагедијата во Кочани и “извозот” на пет тона марихуана во соседна Србија.

Кога јавноста и опозицијата побараа да се отвори надзорна расправа во Собранието за кочанската трагедија, поради уврдување на политичка одговорност, власта, таквото барање веднаш го услови со отварање дебата за трагедијата во модуларната болница во Тетово,кој заврши со правна и судска разрешница. И видовме што се случи . Немаше ниту морална ниту политичка одговорност. За кривичната одговорност,надлежните судови,ќе ја утврдуваат во наредните 20 години,се додека предметот не застари.Сета вина е префрлена на некои претходни влади.

По однос на „извозот” на марихуана во Србија, приказната е слична. Говорам за извоз бидејќи дрогата е пренесена со шлепери, на легален граничен премин. За сега нема ни најава за морална или мполитичка одговорност од страна на претставници на власта.Наместо веднаш да се утврди политичката одговорност,за која има многу основи,сведоци сме на активности за спасување на владата и најодговорните владини функционери. Независно дали се работи за организиран транспорт на марихуаната или се работи за пропуст во работата на полицијата и царината при транспортот, одговорноста е многу конкретна. Тешко е да се претпостави дека толкава количина на дрога е можно да се транспортира со коњи и магариња,на диво, надвор од легален граничен премин.

Неспособна да се соочи со сопствената одговорност,власта го повикува јавното обвинителство да ја преиспита работата на поранешнто Специјалното јавно обвинитекство,па дури тогаш да се расправа за скандалот со марихуаната. Случај кој оддамна заврши со судска разрешница. Намерата е јасна. Во составот на актуелното јавно обвинителство има обвинители кои биле дел од некогашното СЈО и тие ги сметаат за сериозна закана за актуелните носители на јавни функции. И затоа тие треба да се компромитираат и да немаат кредибилитет да водат постапка против функционери од власта.

Навистина, делува апсурдно и анахроно, за грешките, пропустите и лошите политики на актуелната влада да се обвинуваат и повикуваат на политичка одговорност претставници на некои поранешни влади или државни институции.

За лошото и неодговорно владеење на претходната влада,своето мислење граѓаните го кажаа на последните парламентарни избори, сместувајќи ги таму кај што треба, во опозиција. Едновремено и дадоа мандат на актуелната власт да ги решаваат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, државата и општеството а не секојдневно да ја замајуваат јавноста со својата арогантност, безгрешност и неодговорност.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колуимна Тито ПЕтковски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.