Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три предлог имиња од грчка страна на следната средба со Метју Нимиц

1
By Нова ТВ on January 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ (на македонски без превод) се трите имиња според грчкиот весник „Real news“, што ќе се најдат на маса на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Во текстот со наслов „На маса три имиња за Скопје“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарот, во неговиот текст за неделното издание на весникот, вели дека на 19 јануари специјалниот претставник на ОН, на двете страни ќе им претстави три имиња.

– Според информациите, на маса се наоѓаат имињата „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија“ (без превод), иако не е исклучено Метју Нимиц во последен момент да смисли едно ново сложено име. Овие имиња, се чини дека ги одбра специјалниот медијаторот на ОН, помеѓу другите имиња што биле ставени на маса, како што се „Вардарска Македонија“, „Славомакедонија“, предлог што се чини дека не го прифаќаат Албанците од Скопје, пишува новинарот во неговата анализа, пренесува МИА.

Во однос на мини министерскиот совет во премиерската палата одржан во четвртокот, весникот пишува дека Ципрас ставил до знаење дека преговорите имаат „рок на траење“ и ако нема перспектива за решение, тогаш март ќе биде месецот кога ќе треба да се забрзаат разговорите. Додека, пак Коѕијас ги известил учесниците на состанокот за позициите со кои Грција доаѓа на преговарачката маса, а Каменос рекол дека тој нема да биде причина да падне владата.

– Не треба уште многу време да се влече прашањето и да се мачи и грчкото општество, според „Real news“, рекол Алексис Ципрас, на состанокот.

„Нормално дека нема шанси да ја бутнам владата за скопското прашање“, ова, според весникот, бил ставот на Каменос.

Шефот на грчката дипломатија, како што пишува новинарот, настапил со ставот дека ќе постои мнозинство во Парламентот дури и во случај, коалицискиот партнер во владата да биде против.

Панос Каменос, според весникот, со изјавата дека нема да прифати употреба на „грчкиот термин Македонија“, можеби би се согласил за име во кое терминот Македонија би бил на македонски, без превод.

Весникот во анализата пишува дека генералниот секретар на НАТО, доаѓа во Скопје „кусо пред Нимиц да го достави до преговарачите името што го предлага за Скопје“, за да се разговара за интеграција во Северно – атлантската алијанса, потсетува дека во април, ЕУ ќе ги разгледа перспективите за интеграција во Унијата и додава дека без решение на името, Атина нема да даде зелено светло за влез ниту во НАТО, ниту во ЕУ.

– Се очекува следниот период, Скопје да го посетат и други странски лидери, во еден очигледен напор да ја убедат Владата да оди напред кон компромис. Во исто време, Атина, очекува директни практични потези во правец на напуштање на иредентизмот, како што е на пример преименување на аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците на личности како што се Александар Велики и Филип, пишува весникот, пренесува МИА.

Според новинарот, Атина предупредувала дека не треба да се спроведе референдум во Македонија за одобрување на договорот, поради тоа што „проценките се дека ќе биде отфрлен од мнозинството граѓани“.

Опширната анализа во „Real news“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, ја напиша искусниот грчки новинар, кој во вторникот имаше ексклузивно кусо интервју со грчкиот премиер за радиото Real fm. Ципрас, тогаш рече дека е оптимист за прашањето за името, но очекува и конкретни чекори од македонска страна.

Грција Македонија Мету Нимиц спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.