Руската армија беше принудена да го собори својот хеликоптер Ка-52 во околината на регионот Керсон, откако хеликоптерот вреден 15 милиони долари ненадејно почна да пука кон руските војници, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Според информациите, три хеликоптери Ка-52 ја прелетале областа Керсон и отвориле оган врз руски војници на земја, мешајќи ги со Украинци.

Потоа Русите возвратиле, при што собориле еден од нив.

Украинските воени водачи се пошегуваа дека тоа не е грешка, туку „гест на добра волја“ од страна на напаѓачите.