Најмалку пет лица загина, а 49 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала што утрово во погоди јужниот дел на Иран.

„Областа ја потресоа и два последователни земјотреса со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала“, соопштија властите.

Државнта новинска агенција ИРНА објави дека дополнителни земјотреси, по првичниот, биле со интензитет од 6.3, односно 6.1 степен по Рихтер.

„Сите жртви загина во првиот земјотрес и никој не е повреден во наредните два, бидејќи луѓето веќе беа надвор од своите домови“, изјави локален официјален претставник во провинцијата Хормозган.

Портпаролката на Итната медицинска помош за државнхта телевизија изјви дека пола од 49-те повредени лица се отпуштени од болница.

Официјални лица истакнаа дека операциите за потрага и спасување се завршени.