Поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, кој е осомничен за корупција и предавство, синоќа доби 30-дневен куќен притвор. Мерката за Додон е одредена по два дена од претресот во неговиот дом, кога му беше одреден 72-часовен притвор.

Тој тврди дека е невин и оти случајот против него претставува политички прогон инсцениран од актуелната претседателка Маја Санду.

Молдавското обвинителство на 25 мај поведе обвинителен акт против Додон, товарејќи го за кршење на законот по четири точки – за пасивна корупција, за финансирање политичка партија на криминална организација, предавство и незаконски стекнато богатство.

Додон, проруски политичар, беше претседател на Молдавија од 2016 до 2020 година.