Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласан пакет закони за „Безбеден град“ -трипати забрана за возење во четири години и збогум на возачката

0
By Zoran Ivanov on December 18, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 18, 2025 11:47

Собранието ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град како законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот.

Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола. За неажуриран телефонски број и имејл во станицата за технички преглед предвидена е глоба. Тоа го предвидуваат законските измени поврзани со системот „Безбеден град“, кој од 1 февруари треба целосно да профункционира.

Она што е веќе познато во јавноста е дека сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат СМС на мобилниот телефон и имејл со записник и фотографија од сообраќајниот прекршок. Ќе имаат право на жалба пред суд, а доколку глобата ја платат во првите осум дена, ќе платат само половина.

Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година.

Системот во возачките книшки и негативните поени, кој не беше целосно уреден, со законските измени се доуредува.

Од први февруари догодина, возачот што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, ќе остане без возачката дозвола. Судот ќе му ја одземе дозволата, а сторителот на прекршокот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.

Откако судот ќе ја одземе возачката дозвола, одлуката ќе биде испратена до МВР. Потоа, возачот ќе добие СМС или имејл дека дозволата му престанува да важи за осум дена.

Забраната за управување возило што ја определува судот може да трае од еден месец до една година, а податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби.

Ако забраната му е изречена на странец што има странска дозвола за управување возило, нема да смее да вози на територијата на земјава, а за тоа ќе биде известена и граничната полиција.

Законски измени има и во Законот за возила. Секој сопственик на возило, ако направил промена на телефонскиот број или на имејлот, во рок од три дена, во станицата за технички преглед, мора да ги ажурира тие податоци. Непочитувањето на оваа обврска ќе се казнува со глоба од 100 евра, а санкции се предвидени и за фирмите – во зависност од нивната големина.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на мерниот уред. Не е наведено колку е маргината на грешка.

Се забранува управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции, а новите законски правила донесуваат и дополнителни обврски за автошколите – кандидатите за предавачи, инструктори, контролори и испитувачи на сообраќајни правила да полагаат стручен испит за работа пред комисија во МВР.

Законот ги прецизира и зоните со смирен сообраќај, воведувајќи „зона училиште“ и „зона 30“. Измени има и во Законот за извршување на санкциите и во Законот за полиција. Новите законски измени не застануваат само на прекршоците, па така предложени се измени во Кривичниот законик. Тие измени допрва ќе се разгледуваат.

Одредбите пропишуваат дека за тешки дела во сообраќајот, судот задолжително ќе изрекува забрана за возење – од шест месеци, па сè до десет години. Наместо можност, како досега, тоа ќе биде обврска за судот, а Кривичниот законик му дава можност на судот да го одземе и возилото од сторителот ако сторил кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „безобѕирно управување со моторно возило“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, односно доколку сторителот возел со брзина што ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 километри на час во населено место или за најмалку 90 километри на час надвор од населено место.

Условот за одземање на возилото е сторителот и претходно да бил осуден за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај. Измените во Кривичниот законик пропишуваат и дека учесник во сообраќајот што ќе вози со концентрација на алкохол во крвта од над 1,5 промили, ќе вози под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, ќе вози во спротивна насока на јавен пат, ќе претекне колона возила на непрегледно место или ќе вози со значителна брзина над дозволеното, ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години, како и со парична казна.

закон измени сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.