НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триста: Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор

5
By Нова ТВ on May 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски е осуден на 9 години затвор за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР, како и да ја надомсети штетата на МВР од 27.894.522 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.

Исто така се задолжува и да надомести 246.523 денари судски трошоци во истиот рок.

Тој беше обвинет дека со јавната набавка го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. 

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи по изрекување на пресудата побара притвор за Поповски, имајќи ја предвид високата затворска казна што му е изречена, сумата што треба да ја надомести и поради тоа што тој е обвинет и во друг случај на СЈО, Тенк, за кој утре треба да биде изречена пресуда.

Фетаи рече дека поради ова постои опасност од бегство и тука го наведе случајот со двајцата бегалци Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои судот во грција не дозволи екстрадиција.

Тој беше обвинет дека со јавната набавка го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. 

Бранителот на Поповски, Стерјо Зиков смета дека ниту еден основ за притвор не е издржан во моментот и покрај изречената превисока казна затвор.

-Обвинетиот и досега свесен за кривичните дела и за запретената казна уредно се јавуваше на судење. Според него, Поповски ни досега ни од сега нема да бега, дека е семеен човек со семејство во РМ, а и неговата здравствена состојба е сериозна. Поради тоа сметаме дека не треба судот да определи мерка притвор, рече Зиков и најави жалба на првостепената пресуда.

Адвокатката Сања Алексиќ напомена дека исто така и имотот на Поповски е замрзнат, на што судијката укажа дека оваа мерка се однесува само на период од 15 дена по правосилноста на пресудата.

Во своја одбрана Поповски рече дека ниту има можност, ниту потреба ниту сакам, ниту размислувал за бегство од државата.

-Сакам да напоменам дека кога беше изречена мерката за одземање на патната исправа, јас веднаш ги доставив двете патни исправи што ги поседувам. Во поглед на пријавањето секоја среда, се пријавивам. Јас алтеративна држава немам, освен оваа. Повредата на сопругата која јас и ја нанесов во несреќен случај предизвика тешка операција кај неа, движењето и е ограничено. Имаме еден син кој живее и се школува и стара неподвижна мајка која до пред еден месец живееше со мене, меѓутоа во неможност заради здравстените проблеми и психичката состојба во која се наоѓаме не можевме да и пружиме грижа и  ја сместивме во дом за стари лица, каде секојдневно ја посетуваме, рече Поповски.

Судот даде пауза од 40 минути за да одлучува по барањето на СЈО за притвор.

СЈО бараше осудителна пресуда за Поповски за кривичното дело за кое е обвинет, за што е предвидена казна затвор од четири до 15 години и надомест на штета од над 27 милиони денари и судски трошоци.

Одбраната, пак, побара Поповски да биде ослободен од обвинението. Поповски пред Судот кажа дека не е виновен и оти постапката што се води против него сериозно влијаела на неговото здравје. Рече и дека во изминатиот период се соочил со многу закани, уцени и притисоци, но не прецизира од кого. Тој се пожали и дека му бил даден отказ од МВР во, како што наведе, сомнителна дисциплинска постапка.

Случајот се водеше по обвинителен акт на СЈО.

 

пресуда Триста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.