Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), победи во денешната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг.

За Холанѓанецот ова е осма победа во 13-та трка во оваа сезона и вкупно 28 во неговата кариера.

Второто место го освои Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, додека третото место му припадна на неговиот сонародник и клупски колега Џорџ Расел.

Во генералниот пласман води Ферстапен со 258 бодови, пред Леклер (178) и Перез (173).

Следната трка во календарот на Формула 1 е на 28 август на патеката Спа за Големата награда на Белгија.