Фудбалерите на Шкендија попладнево во Рига ја совладаа екипата на Валмиера со 2:1 и се наоѓаат на чекор до третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Љупче Дориев во деветтата минута и Сидрит Гури во 63-та минута беа стрелци на головите за тетовските „црвено-црни“, единствениот за летонските домаќини го постигна Сенегалецот Џибрил Гуеле во 45-та минута.

Шкендија во првото коло го елиминира ерменски Арарат (2:0, 2:2), а доколку ја мине Валмиера, во наредната рунда ќе игра со подобриот од двомечот меѓу шведски АИК и Ворскла од Украина.