Поранешната прва дама Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на Демократската партија да биде нејзин кандидат за претседател.
Нејзиниот говор на крајот од четиридневната конвенција го означи почетокот на можеби најскапите и најтешките избори во американската историја.
„Јасно знаеме против што нашата земја треба да застане. Но, не се плашиме. Ќе се справиме со предизвиците како секогаш“, изјави таа.
Својот републикански ривал Доналд Трамп го обвини дека сака да ја подели земјата со сеење страв. „Тој сака да се плашиме од иднината и да се плашиме едни од други“, рече Клинтон во говорот.
Според нејзе, Трамп кој „сака да ги отцепи САД од остатокот на светот и Американците едни од други“, не нуди никаков пресврт, туку само празни ветувања.
Нејзиниот републикански ривал милијардерот Доналд Трамп изненади многумина поискусни политичари и експерти со неговиот брз и неочкуван подем.




