Published: Monday, April 20, 2015 14:31
Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и едно дете загинале на островот Родос, откако се насукал дрвен брод со најмалку 80 мигранти.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека на бродот биле пронајдени најмалку 83 луѓе, од кои по инцидентот, 23 биле префрлени во болница. На Родос се одвива голема спасувачка акција.
Точната бројка на мигранти се уште не се знае, како што не се знае сеуште од каде се тие.




