Published: Friday, September 2, 2016 10:55
Словенечката спасувачка служба по петчасовна истрага во текот на ноќта, пронајдоа помал авион кој се сруши во подрачјето на Бовец на северозападниот дел од земјата при што загинаа тројца, објавија словенечките служби.
Истрагата се одвивала во терен кој бил тежок за пристап а учествувале полицијата и воен хеликоптер.
Сите загинати се државјани на Словенија. Во него биле 31-годишен пилот и двајца патници. Причината за падот на авионот се лошите временски услови.
Ова е втора ваква несреќа на мал авион откако пред еден месец над небото на Словенија загинаа четворица Германци кои патувале од Италија кон Германија.




