Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројца загинати во шумските пожари на југот на Турција

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми.

Пожарите во шумите на Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристичките места во јужна Турција, брзо се проширија во населените места поради силните ветрови.

Турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли изјави дека во пожарите настрадале и 150 говеда, илјада овци, 600 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се и 50 хектари оранжерии.

Првиот пожар избувна во средата во шума во близина на Манавгат, во провинцијата Анталија, и се прошири во околните населени места.

Властите евакуираа десетици села поради ширењето на пожарите. Евакуиран е и хотел во туристичкото одморалиште Бодрум.

Во болница се примени 122 лица, претежно жители кои се загушиле во чадот и тројца кои се здобиле со изгореници. Под лекарски надзор се уште се 58 лица.

Повеќе од 4.000 пожарникари се обидоа да го стават огнот под контрола со помош на хеликоптери и авиони.

Руската амбасада денеска на Твитер објави дека три руски противпожарни авиони биле вклучени во гаснењето на пожарот.

Температурите од речиси 40 Целзиусови степени и ветерот што дува со брзина од 50 километри на час придонесе за ширење на огнот.

„Граѓаните кои претрпеа штета во пожарот ќе ја добијат целата неопходна помош“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, притоа најавувајќи истрага за пожарите.

Министерот за животна средина Мурат Курум истакна дека се мобилизираните државни средства.

пожар Турција шума
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.