Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тропската бура Нејт ја погоди Централна Америка – 20 загинати

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесетина лица загинаа во Костарика, Никарагва и Хондурас како последица на тропската бура „Нејт“.

Се најавува дека викендов таа ќе стигне до брегот на САД, веројатно во категорија на ураган. Властите почнаа со евакуација на населението.

Вонредна состојба е прогласена во неколку средноамерикански држави каде што загинаа дваесетина лица. Сличен е бројот и на исчезнати луѓе. Тропската бура „Нејт“ предизвика поројни дождови, свлечишта и поплави кои блокираа патишта, уништија мостови и домови.  400 илјади жители на Костарика останаа без вода за пиење, а илјадници спијат во засолништа. Метеоролозите предупредуваат дека бурата ќе се засилува до степен на ураган од прва категорија пред да пристигне на јужниот дел од Соединетите Американски Држави на крајот на неделава.

-Прогласуваме вонредна состојба бидејќи оваа држава се подготвува за директен удар од тропската бура Нејт, која веројатно ќе стигне кај нас како ураган. Мобилизирани се 1300 припадници од Националната гарда, 15 одат кон Њу Орлеанс за да го надгледуваат системот за одводнување којшто е лабилен, изјави Џон Бел Едвардс, гувернер на Луизијана.

Жителите на Флорида и Тексас се подготвуваат за уште едно, трето по ред, невреме годинава. Двете сојузни држави се уште се борат со катастрофалните последици од моќните урагани „Харви“ и „Ирма“, кои покрај огромниот број жртви, предизвикаа и материјална штета во милионски суми на Карипскиот архипелаг и на американското копно. Нафтените компании во Мексиканскиот Залив почнаа да го евакуираат персоналот од платфпормите кои лежат на предвидената траекторија на тропската бура „Нејт“.

Сезонава во Атлантикот се формираа шест тропски бури и осум урагани.

 

загинати Костарика Никарагва Тропска бура Нејт Хондурас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.