Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тропски горештини до петок, но без жолта фаза, грмотевици и дожд за викенд

0
By НОВА ТВ Balaban on May 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 25, 2022 15:46

Од УХМР потврдуваат дека со температура од 34 степени сме на граница за прогласување на жолт метео аларм, но натпросечно топлото време нема многу денови да се задржи, само до петок.

Тропски горештини со температури и до 34 степени Целзиусови се очекуваат и утре и задутре, а за викенд нестабилно време со грмотевици и дожд, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата од 34 степени во мај е гранична за прогласување жолт метео аларм, којшто сепак нема да биде активиран.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне од 29 до 34 степени, а УВ индекот е 8. И во следните денови ќе продолжи сончево и натпросечно топло време, најавуваат од УХМР.

Граѓаните се прашуваат има ли услови за прогласување жолта предупредувачка фаза, бидејќи е мај, а веќе е натпросечно топло, со максимални температури кои што ќе се искачат и до 34 степени.

Од УХМР потврдуваат дека со температура од 34 степени сме на граница за прогласување на жолт метео аларм, но натпросечно топлото време нема многу денови да се задржи, само до петок.

– На крајот на мај и на преминот кон јуни сме кога праговите се  значително повисоки. Денес и во следните два дена се очекуваат температури и до 34 степени Целзиусови, но тие нема насекаде низ земјата да бидат толку високи. Инаку, Министерството за здравство ја добива секој ден временска прогноза и незнам дали процениле дали треба да се прогласи жолта алертна фаза, ни изјави Ивана Петровиќ, дежурен синоптичар во УХМР.

Таа потврдува дека максималната температура за прогласување жолта алертна фаза е на граница.

– Да, точно е дека за мај граничната температура изнесува 34 степени, но сега е веќе крајот на мај. А веќе за јуни максималната температура за прогласување метео аларм изнесува 37 степени, но не  за ослободување од работа на ризичните категории и трудниците, туку како апел граѓаните да обрнат повеќе внимание на заштита од високите температури, појаснува Петровиќ и додава дека за време на викендот нѐ  очекува нестабилно време.

– Заладување ќе настапи за време на викендот, со грмотевици и дожд, веќе в сабота се очекува опаѓање на температурата, а в недела тие ќе изнесуваат од 22 до 28 степени. Очекуваме доста нестабилно време, со локално невреме, особено во вечерните часови во тие два дена, прогнозира Петровиќ.

Лекарите од скопска Служба за итна медицинска помош советуваат граѓаните да пијат доволно течности, да избегнуваат престој надвор во најтоплиот период од денот од 11 до 17 часот и задолжително да се штитат од УВ зрачењето.

(Љ.Б.)

 

Тропски горештини УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.