Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трпкова за НОВА: Зошто одбив да сум член на жири за наш филм за Оскар

0
By Нова ТВ on August 18, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 18, 2016 17:51

Реномираната уметница и активистика, проф. Синоличка Трпкова, за НОВА ги образложува причините зошто пред неколку дена ја одбила понудата да биде член на жири за избор за македонски филм за Оскар.

Образложението на проф. Трпкова во продолжение:

“Десет години успешна приказна на дпмне – велат медиумите. Врвни успеси, големи инвестиции, вработувања, нови театри, споменици, барок, 145 филмови направени за 8 години со 15 милони евра, наши пари. 15 милиони евра за филмови од кои само неколку сме виделе. Најголем дел од нив се недостапни, за нас, обичните луѓе од кои се двоени парите.

Кој филм не` прослави, кој филм врати барем дел од парите, кој филм не` испромовира, кој филм колку пати и каде бил вртен, колкава публика го видела? Дури и да не ги вратил парите, еве, барем да оставел некаков видлив печат, трага врз гледачот?

Не, не сакам да чујам од наши новинари/критичари за тоа колку сме успешни, и не на нашите телевизии и медиуми коишто повторно се платени од наши пари – да лажат.

Вистината е дека нема таков филм. Вистината е дека живееме во беда и незнаење. Вистината е дека од еден порој може цел град да ни потоне.

Вистината е дека ЕБР тепа студенти и апси професори. Вистината е дека лудаци и апаши ни ја кројат судбината. Вистината е дека ништо вредно и наше не сме создале десетици години наназад, што би го сакал, посакувал, барал или купувал светот (освен нашите деца што заминуваат).  Вистината е дека живееме од кредити, а не од своја пот и своја работа. Вистината е дека сме до коска соголени и ограбени.

Вистината е дека мафијата на власт дебело заработува врз глупоста, незнаењето и наивноста  на луѓето. Вистината е дека ние немаме капацитет да градиме држава.

И токму затоа кога побараа од мене да бидам член на жири за избор на наш филм во трка за Оскар, решив да не прифатам. Не сакам да седам во жири на “државно” ниво зашто така автоматски го легитимирам државниот криминал на власта.

Воопшто не станува збор за тоа дали се филмовите добри или лоши, а станува збор за мој личен избор, мој личен бунт кон оваа мафијашка власт и нејзините соучесници. Навистина треба да си без трунка акал и совест како уметник, за да не кажеш ниту еден збор за мизеријава што ја живееме. Една моја бивша драга студентка денес ми рече – човек без совест не може да биде уметник.  Се согласувам потполно со неа”, вели Тркова во образложението причините зошто  ја одбила понудата да биде член на жири за избор за македонски филм за Оскар.

 

Фото: Ема Кушевска

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.