Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трубадурот, тиранинот и стопанот

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2024 13:22

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

Пред два дена го слушнав интервјуто на Владимир Владимирович Сталин, упс(!), пардон, Путин; ги слушнав и прашањата на некаков извесен (и опскурен!) Карсон, „новинар“ и миленик на Доналд Трамп, кој на наместено интервју, поточно подготвено претходно, спинуваа, лажеа, релативизираа, изигруваа „фини момци“, така типично за сите неранимајковци и злосторници кои, рамо-до-рамо, се врзани со своите медиумски трубадури и спин-доктори.

Пред да одиме со моите впечатоци од интервјуто Карлсон-Путин, ќе ми дозволите да констатирам еден ноторен факт: Русија е, сепак, империја, додуша од онаа сорта која е со трајна опасност по себе и другите, затоа што никогаш не го заврши процесот на социјализација, како важен дел од сечие растење и созревање.

Кај нас, на пример, нашите домашни политики се некако провинциски, ние некако како сите да се познаваме, па и еден примерок на човек понекогаш знае многу повеќе да смета отколку што ние може да поднесеме. Ама, сепак, да не се распируваме со нашите (не)прилики, да се вратиме на интервјуто.

На самиот почеток, вреди да се каже дека ова интервју, поточно тајмингот за ова интервју е тенденциозно темпирано: прво – има некакви „избори“ во Русија (избори во Русија? – добар виц!); второ – кампањата во САД влегува во „запалива“ фаза.

Такер Карсон е Трампов човек, што значи дека е верен следбеник на неговите идеи, ама и не само тоа: Карсон е близок со речиси сите суверенистичко-популистички лидери ширум светот, на пример да речеме Болсонаро, исто така еден од оние кои ја лансира неговата кариера помеѓу „светските“ автократи, тирани и „суверенисти“. Неговите наративи се проруски, антиукраински. Неговите наративи беа јасна препорака да му се направи интервју на еден од најголемите светски диктатори насреде злосторничкиот Кремљ.

Клучната порака во целото интервју со Путин беше – Американците да си ги гледаат своите проблеми, односно, America Firist или MAGA policy, кованица на Трамп, со која Путин испрати суптилна порака до американските републикански гласачи. А ако Карсон беше вистински новинар, а не трубадур, проповедник кој ги вози тезите на автократи, тирани и лудаци; имено, на прашањето на Путин, „Зошто Америка се грижи за Украина која е илјадници километри далеку од неа“, Карасон ќе му поставеше веднаш контрапрашање: „А што вас ве тера да се мешате во Сахил, Нигерија, Либија, Сирија, Буркини Фасо, Сомалија“?

Е, тука е разликата измеѓу вистинскиот новинар и некој што се занимава со пропаганда и проповедање.

Во ова интервју не слушнавме ништо кое до сега не го знаевме. Пред два дена Путин испрати порака до американскиот народ преку „влијателниот новинар“ Карсон, како што Русите го најавија. Од друга страна, она кое читам, американската јавност, како впрочем и целиот свет, е силно фрагментирана: демократите, поточно нивните гласачи, не слушаат што Трамповите поддржувачи зборуваат, како што републиканците не читаат што овие зборуваат и пишуваат.

И во отсуство на таквата комуникација, луѓето тешко се информираат. А Карсон е тука да долева бензин на веќе формираните идеи и ставови. Затоа интервјуто на Карсон со Путин, барем во моментот додека ги типкам овие зборови, има вртоглави прегледи на УouТube.

Такер не зборува – секој да ја најде својата вистина – туку зборува во контекст на она што вие сакате да го слушнете. Поточно, тоа што вие претходно сте го креирале како став. И поради тоа, во таквиот дел од гласачи, кој не е мал по број, ами напротив – се раѓаат разни теории на заговори.

Луѓето кои го следат Карсон се русофили, антиваксери, заговорници на разни теории на заговори, антиевропски расположени, шовинисти, расисти, националисти, негационисти на климатските промени…

Тоа е сликата и приликата на профилот на човек што на злосторникот му правеше интервју. А за Владимир Владимирович Сталин, упс (!), пардон, Путин, што би можеле да кажеме?

Во основа, од наша перспектива, се работи за насилник во перифериска кафана со автоматска пушка во рацете, а таа му виси околу вратот. Се разбира, стопанот на кафанате не може да го избрка или му впери пушка во суратот бидејќи овој е непресметлив, спасувајќи се себе, може да припука во сите. Стопанот не се обидува тоа да го направи бидејќи има жена и деца, градина во која има посадено патлиџани и крставици, убаво закосена трева и уредна хипотека за која отплаќа рати во банка секој месец. Сака од својата работа да оди два пати на одмор, еднаш на летување, а еднаш на зимување. Стопанот има пријатен и мирен живот, сосема неспоиво со она кое може да произлезе од пушкарањето со насилникот во неговата гостилница. За разлика од него, насилникот што му влегол во гостилницата веќе претходно малку пивнал, дома работите не му се средени, од сè веќе му е доста, а притоа ништо не му работи како што треба.

Жената му побегна, наоколу му се фрцкаат некакви љубовници, чопор од распуштени и диви деца, автомобилски крш во дворот, и сè е така запуштено и зараснато, a притоа и бесмислено пространо, така тој од сè има дигнато раце и оди во кафеана. А за таму да биде слушнат и почитуван, земал пушка и ја обесил на вратот. И со таа пушка сега смета дека ќе ги реши сите негови проблеми. Тоа може да го направи на два начини: сите да ги натера да прават тоа што тој сака, и практично да ги претвори во свои робови, или ако се опираат, сите заедно ги потепа.

А заедно со нив и себе.

Слободата на стопанот, во овој и ваков свет, се наоѓа во Украина. Слободната волја и вредностите, во овој и ваков свет, се наоѓа во Украина.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Карсон Неднад Јовановиќ Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.