Published: Monday, July 4, 2016 12:54
Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера маршираше заедно со десетици илјади луѓе на Парадата на гордоста во Торонто, со што стана првиот премиер на оваа земја што учествува на геј парада.
Тој беше поздравен со френетичен аплауз од присутните додека се движеше со учесниците низ центарот на Торонто, носејќи го канадското знаме придружено со боите на виножитото.
Заедно со Трудо парадираа и премиерот на Онтарио Кетлин Вејн, која е првиот шеф на провинција кој отворено се декларирал како хомоскесулаец и градоначалникот на Торонто Џон Тори.
Тројцата претходно присуствуваа и на црковната миса на отворено во делот од градот каде што циркулира геј популацијата.




