Published: Thursday, March 10, 2022 18:49
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „изгуби“ војната во Украина.
„Владимир Путин направи ужасна грешка. Тој ќе ја загуби оваа војна поради жестокоста, силата и решителноста на украинскиот народ кој ја брани својата територија и нè инспирира сите нас“, изјави Трудо на заедничката прес-конференција со полскиот претседател, Анджеј Дуда во Варшава.




