Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Државата ќе ја врати грижата за граѓаните

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 6, 2017 15:07

Од октомври 130.000 работници ќе добијат повисока плата, а за 76 илјади Владата ќе обезбеди над 547 милиони денари поддршка. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во отчетот за сработеното во првите 100 дена на новата Влада ги најави измените на Законот за минималната плата од 12.000 денари.

Во првите сто дена, додаде таа, е подготвен и таканаречениот закон за стечајците, со кој се опфатени околу 3.000 лица и дека за таа намена се издвојуваат 300 милиони денари годишно.

Со измените во Законот за социјална заштита кои веќе се во собраниска процедура се регулира правото на паричен надомест за помош и нега од друго лице, додатокот за слепило и мобилност, како и додатокот за глувост, да се остварат без оглед на приходите на лицето кое има потреба од помош. Дополнително се намалуваат трошоците од вкупно 1.700 денари за конзилијарно мислење и упат кои досега ги плаќаа овие граѓани.

Министерството ја менува и праксата во однос на исплатите на средствата за социјална и детска заштита кои ќе се исплаќаат редовно.

Во отчетот за сработеното во првите 100 дена, Царовска информираше дека во изминатите 100 дена извршени биле повеќе од 300 инспекциски контроли и дека безбедноста и здравјето при работа се приоритет на Владата на Република Македонија, за што ја усвои и националната стратегија со која се предвидени конкретни мерки за подобрување на состојбите во оваа област.

Важна измена, според Царовска, има и во оперативниот план за вработување, каде се обезбедени дополнителни два милиона евра за активни мерки за вработување, а фокусот се млади лица до 29 години.

Објавен е и оглас за вработување на 29 стручни социјални работници во прва фаза, од планираните 60 вработувања за во Центрите за социјална работа низ земјата каде што има голем недостиг на стручни кадри.

Повторно ќе бидат вратени и 910 лица во системот на социјална заштита, кои претходно го изгубиле правото поради добивање пари преку брз трансфер.

Министерството за труд и социјална политика потпишало договори за поддршка на граѓански здруженија од областа на социјална заштита, кои беа избрани на јавни конкурси. Вкупниот фонд за поддршка на проекти изнесува 2.400.000 денари. Министерството обезбедило и 300 илјади евра за три центри за упатување на жртви на сексуално насилство и еден шелтер центар за заштита на жртви на сексуално насилство.

100 дена Влада Мила Царовска отчет социјални закони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.