Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Покажавме дека знаеме и можеме безбедно да спроведеме матура

0
By Sashko on June 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментот кога владата и Министерството за образование и наука ќе заземат конечен став за отпочување на наредната учебна година и начинот на кој таа ќе започне, јавноста ќе биде известена, изјави министерката Мила Царовска при посетата на учениците во гимназијата „Никола Карев“ кои денеска полагаа матура по предметот мајчин јазик.

Таа, во име на ресорното Министество, изрази задоволство од сите процеси што се одвиваат за подготовка за наредната учебна година и воведувањето на дигитални учебници за учениците.

Царовска истакна дека денеска е значаен ден како како за матурантите така и за образовниот систем и оти како држава покажавме дека можеме да имаме образование кое што во континуитет се одвива целата учебна година и во време на пандемија.

– Исто така, покажавме дека знаеме и можеме безбедно да спроведеме матурски испити, што укажува дека се одржуваме во стандардите што се дел од европските и земјите што се развиени. Матурата е значаен чин заради тоа што тоа е на некој начин заокружување на еден степен на образование. Токму затоа денеска им посакувам среќа и многу знаење на сите матуранти денеска успешно да го завршат првиот задолжителен испит и многу среќа на вториот испит којшто е исто така екстерен, секако и на интерните испити, рече Царовска.

На овој начин, додаде Царовска, тие ќе направат заокружување на своето образование и ќе имаат можност да изберат понатаму каде ќе го продолжат високото образование или можеби дел од нив ќе одлучат да се вклучат на пазарот на труд.

– Јас укажувам дека е значајно тие согласно својата волја го продолжат образованието, своите знаења, афинитети, но да ги разгледаат и сите оние можности коишто ги нуди нашата државата понатаму за нивен развој и напредок, рече министерката Царовска.  

Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска рече дека согласно концепцијата за матура и завршен испит за средното образование од четиригодишно траење денеска почнува полагање на матурата кое ќе трае во наредниот период.

-Се полагаат согласно договореното со Сојузот на средношколци, и два екстерни предмети. Оваа година за матура се пријавени 15.294 матуранти, од нив 7.050 од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 ученик од средните уметнички училишта. Матурата по мајчин јазик ја полагаат денес, односно 10.848 кандидати полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература денес полагаат 4.078 матуранти, а 272 полагаат турски јазик и литература, нагласи таа.   

Дигитализација Македонија матура Мила Царовска учебна година учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.