Министерката за образование, Мила Царовска, нема да министерува во новата влада, која ќе ја формира новиот мандатар, откако премиерот Зоран Заев поднесе оставка на функцијата.

Јас донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години, заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите – одговори Царовска во врска со тоа дали ќе биде дел од новата влада.

Таа ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, почнувајќи од 30 август 2020 година.

И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во минатата недела најави дека се повлекува од функцијата.