Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Социјалните стипендии зголемени двојно, субвенциониран оброк за сите студенти

0
By Biljana on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 22:18

Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните. Потпретседателката Царовска најави дека новиот концепт во образование ќе почне да се применува од септември во 1 и 4 одделение.

„Децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат“, истакна Царовска, додавајќи дека во образованието поставуваме амбициозни цели, мораме да брзаме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 12 години не инвестираше во образованието, а со тоа не инвестираше во иднината.

„Нашите деца не се помалку интелигентни од децата во развиените земји, но ние им го крадеме потенцијалот, неодговорно и себично како возрасни одговорни кон нив, 30 години се задоволуваат туѓи интереси, а не на децата, а тие се иднината, затоа ние како СДСМ посветено колку да тие се непопуларни политики во моментот, ќе продолжиме да ги работиме, зашто знаеме дека многу скоро ќе станат популарни, многу скоро ќе станат продуктивни, здрави политики што ќе дадат ефект за подобри услови за живот во државата“, порача Царовска.

Таа се осврна и на политиките за младите нагласувајќи дека социјалните стипендии ги зголемивме двојно, субвенциониран оброк за 2400 денари добиваат сите студенти.

„Некој свесно сакал да го уништи високото образование, затоа ги вративме стипендиите за втор и трет циклус, да се образуваат асистенти, па професори и да останат во нашата државата“, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

Мила Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.