Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТСЕИ: Засилена активност на Твитер ботови пред референдумот

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трансатлантската комисија за изборен интегритет дојде до докази дека автоматски профили на Твитер стојат зад притисоците за бојкот на гласањето на референдумот в недела.

Во информацијата од оваа Комисија се наведува дека инструментот за мониторинг на социјалните медиуми на Трансатлантската комисија открила дека во последниве 50 дена се појавиле нови автоматизирани профили (ботови), како и зголемување на активноста на нови и и веќе постоечки вакви профили во текот на изминатата недела. Комисијата заклучува дека овој процент на активност на Твитер на национално ниво ги надминува ваквите мониторирани активности на неодамнешните изборни процеси, во Месико и во Италија на пример.

Ваквите новосоздадени профили (креирани пред помалку од 60 дена) е вклучени во 10 проценти од конверзцијата – бројка која е повисока отколку онаа регистрирана на неодамнешните избори во Мексико и речиси три пати повисока отколку на италијанските избори. Наративите што се споделуваат од овие “ботови” се во насока на поддршка на движењето за бојкот и на политичарите или официјалните лица кои го поддржуваат бојкотот на референдумот.

-Алатката за следење покажа дека новите профили сочинуваат 12,5 отсто од вкупниот број на Твитер профили во Македонија. Нивната активност претставува нешто повеќе од десет проценти од вкупниот удел, односно процентот на твитови и споделувања. Пошироко, автоматизираните (ботовски) профили пак сочинуваат околу 12 проценти од вкупниот број профили и 13 проценти од вкупниот број твитови и споделувања (ретвити). Во моментов, алатката за следење не е во можност да го лоцира потеклото на овие упади, се вели во информацијата.

Членовите на Трансатлантската комисија, исто така, дошле до докази за прикриена финансиска кампања од поединци во Грција и Македонија за поддршка на групите кои се против референдумот.

-Јасно е дека ова се заеднички напори за да се спречи демократското право на граѓаните во Македонија и да се делегитимира гласањето за референдум, велат  членовите на Трансатлантската комисија за изборен интегритет во врска со најновите вакви докази.

-Само македонските граѓани мора да одлучат каква иднина сакаат за својата земја. Ги повикуваме в недела да го слушат својот глас. Локалните власти, заедно со меѓународната заедница, мора да ги преземат сите неопходни мерки за да обезбедат интегритет на гласањето в недела, и да гарантираат дека никакви противзаконски дејства нема да останат неказнети, велат од Трансатлантската комисија за изборен интегритет.

На крајот се потсетува дека неодамнешните анкети покажуваат дека над 70 отсто од гласачите ќе ја поддржат промената на името, но само 58 проценти од гласачите имаат намера да гласаат.

Што е Трансатлантска комисија за изборен интегритет 

Трансатлантската комисија за изборен интегритет (ТСЕИ) е трансатлантска, бипартиска група политички, технолошки, бизнис и медиумски лидери. Со неа претседава поранешниот шеф на НАТО Андерс Фог Расмусен и поранешниот американски секретар за внатрешна безбедност Мајкл Чертоф, чија цел е да поттикне поголем трансатлантски и колективен пристап кон спречување на следен бран предизборни влијанија однадвор.

Кои се членовите

Членови на Комисијата се:

Џо Бајден – потпретседател на САД (2009-2017)
Фелипе Калдерон – Претседател на Мексико (2006-2012)
Мајкл Чертоф – секретар на САД за домашна безбедност (2005-2009), ко-претседавач
Ник Клег – заменик-премиер на Обединетото Кралство (2010-2015)
Ајлин Донахју – Извршен директор, Инкубатор за глобална дигитална политика, Стенфорд Центар за демократија, развој и владеење на правото
Томас Хендрик Илвес – Претседател на Естонија (2006-2016)
Натали Јареско – извршен директор на Одборот за финансиски надзор и управување на Порторико, министер за финансии на Украина (2014-2016)
Танит Кох – главен и одговорен уредник на весникот БИЛД (2016-2018)
Џин Месерве – Сидро / дописник на ABC и CNN (1984-2011), виш соработник во GWU Центарот за сајбер и домашна безбедност (2011-2017
Џон Негропонте, американски заменик државен секретар (2007-2009), американски директор за национална разузнавање (2005-2007)
Виктор Пинчук – украински бизнисмен и филантроп, основач на Фондацијата Виктор Пинчук
Мариети Шааке – член на Европскиот парламент, потпретседател на делегацијата на Европскиот Парламент во САД
Џоана Шилдс – извршен директор на BenevolentAI, британски министер за безбедност и безбедност на интернет и државен потсекретар (2015-2017), член на Горниот дом на Обединетото Кралство

ботови докази Твитер Трансатланстка комисија за изборен интегритет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.