Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 14, 2024 10:09

ЏАБИР ДЕРАЛА

Национализмот и омразата се одлични алатки за манипулација. Со мали инвестиции во пропагандата, лесно се постигнуваат одлични резултати – доаѓање и одржување на власт. Со употреба на националистички и поларизирачки наративи во јавната комуникација може лесно да се префрли одговорноста за неуспешните политики на „другите“.

Како се прави тоа? Замаглување на фактите, манипулација со емоциите, комбинирање на полувистини со целосни лаги, дезинформации и обемно користење на обично медиумско ѓубре (сензационализам) во јавноста, говор на омраза и систематска дискредитација на неистомислениците (читај: предавниците) – се само дел од пропагандните алатки со кои може да се постигнат одлични и видливи резултати.

Дали ова е тешко и прескапо? Не. Колку и да се скапи (а скапи се) овие операции, профитот е секогаш неспоредливо поголем, така што секогаш се исплаќа да се вложи во ширење националистичка омраза. Значи, освен пари, потребни се добар систем, редовност, долготрајност и внимателно дозирање (интензитет) на пропагандните наративи.

Анализите на изборниот процес што ги изработува ЦИВИЛ покажуваат дека национализмот е еден од трите клучни фактори за изборните резултати – парламентот стана место каде што целосно доминираат националисти и радикали. СДСМ практично потона и пред да започне изборната битка. Коалициите Европски фронт на ДУИ и Вреди се во беспоштедна битка да докажат кој повеќе ги претставува интересите на Албанците во земјата, не затоа што не можат и двете да ја имаат таа улога, туку околу тоа која од нив повеќе заслужува да биде учесник во власта.

Во овој контекст, еден долго занемарен, а во суштина клучен наратив е оној за пропорциите на освоени места во парламентот, а тоа е „дајте ни гласови за да освоиме 61 пратеник, за да не може никој да нѐ уценува“. Или и директно: Потребен е 61 пратеник, да не бидеме уценети од Албанците. Тој наратив не му е туѓ ниту на СДСМ, а секогаш се подразбирал кај ВМРО-ДПМНЕ.

Што значи тоа? Учеството на Албанците во власта не се третира како принцип на правична застапеност на етничките заедници во власта и институциите, туку како уцена!

Цената на национализмот е висока, но тие што се на врвот на политичкиот естаблишмент и олигарсите не се засегнати со тоа. Цехот го плаќаат обичните луѓе од сите заедници.

(продолжува, за жал)

Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

национализам Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.