Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на парното греење ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас

0
By Marija Todorovska on October 16, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2024 12:24

Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени.

– Сега ние во пресметките сме влезени со цена на природниот гас од околу 40-ина евра за мегават час, ако отиде екстремно високо тогаш може да разговараме за зголемување на цената на парното, но, не верувам дека ќе имаме такви драстични промени, така што за цената на парното не очекувам никакви промени, изјави Бислимоски на паузата на состанокот на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија чиј коорганизатор е РКЕ.

Смета дека земјава нема да има никаков проблем во снабдувањето на природен гас.

– Во Македонија природниот гас доаѓа преку т.н. Турски тек, доаѓа од Турција, така што нема никаков проблем за да дојде гасот. Во овој момент некаде нешто помалку од половината од постојниот гасовод е искористен, а во план е да се направи нова интерконекција со Грција која што ќе има далеку поголем капацитет од постојната, така што обезбедувањето на природниот гас во наредниот период нема да биде проблем, посочи Бислимоски.

Прашан дали може градоначалник на општина да побара грејната сезона за основните училишта наместо од 15 октомври, како што е вообичаено, да почне од 1 ноември, Бислимоски рече дека тоа е одлука на самиот потрошувач.

– Ние имаме правила за снабдување и компаниите коишто се задолжени за тоа се обврзани да започнат со испорака на топлинска енергија. Сега таму каде што има калориметри не во згради, туку во индивидуални куќи, самиот сопственик може да каже јас сега ќе бидам исклучен, па ќе се вклучам кога ќе биде поладно. Така што, во насока на ова го гледам тоа што го направиле во Општина Карпош. Значи, тоа е одлука на самиот потрошувач, рече Бислимоски.

Во Скопје, како што посочи, моментално температурите се релативно високи, така што верува дека ќе нема никаков проблем.

– Факт е дека сите општини во Градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци за топлинска енергија. Ние токму за оваа категорија на потрошувачи во февруари годинава еднаш ја намаливме за 35 проценти цената за топлинската енергија, и сега во јули ја намаливме за дополнителни 20-ина проценти со цел да ги растовариме пред се основните училиштата, средните училишта и градинките, истакна Бислимоски.

За поплаките дека вчера и денеска немало парно греење во некои објекти рече дека се вообичаени за почетокот на грејната сезона и додаде дека оваа година нема голем обем на жалби, а и временските услови се поволни.

– Сега има мала испорака на топлинска енергија. Ние сме во комуникација и со ЕСМ дистрибуција, излезени се на терен. Може да има поплаки навистина да има проблеми и веднаш ќе бидат решени. Компанијата е транспарентна, објави дека имало проблеми – не можат да пристапат до топлинските станици, немаат клуч, некој треба да им отвори, има одредени објекти каде што не се платени сметките за електрична енергија и пумпите не работат, значи тоа се вообичаени работи. Но, тоа нема никаква поврзаност со топловодот под мостот Беласица, посочи Бислимоски

БИСЛИМОВСКИ гас парно РКЕ Скопје цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.