Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цената на струјата галопира, денес вонредна средба меѓу Анѓушев и Бектеши

0
By Соња Крамарска on July 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев денес на вонредна средба во Стопанската комора ќе го дискутираат најновиот развој околу цената на електричната енергија. Причина за итноста е што цената на електричната енергија на одделни берзи достигна 500 евра за мегават час, поради што енергетското друштво ќе бара повеќе владини интервенции.

Како што утринава е соопштено, Македонската енергетска асоцијација веќе има изготвено предлози кои ги таргетираат компаниите и бизнисот.

Дел од мерките што ќе бидат предложени на состанокот се зголемување на домашното производство на електрична енергија, активирање на уредбата од времето на кризната состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата и други мерки.

Македонската енергетска асоцијација бара измени во Законот за градба со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени но немаат дозвола за градба.

Како што се дознава енергетичарите денес ќе побараат од Владата да обезбеди гаранции дека во текот на претстојниот зимски период соседните земји нема да ги затворат границите за проток на електрична енергија, нешто што е тешко остварливо со оглед на глобалната енергетска криза.

Од државниот производител на електрична енергија АД ЕСМ, инаку, тврдат дека се направени сите подготовки производството и снабдувањето со струја да тече нормално до крајот на годината согласно обврската што им ја даде Владата да обезбедат 100 отсто од потребите за домаќинствата и покривање на загубите на електродистрибуција и МЕПСО.

Но само до крајот на годината, што не е ни половина зима.

Нови владини мерки засега не се објавени. Неодамна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи само рече дека мерки ќе има, но не кажа какви ќе бидат.

Дел од експертите, како што велат, не гледаат дека владата или енергетските компании преземаат мерки за обезбедување енергенси за претстојната зима, што, пак, води до рестрикции и тешкотии со снабдувањето.

„Нема мерки. Не сум видел дека има тендер за набавка на јаглен, гас, мазут. Трансформаторот кој беше проблем во РЕК Битола уште не е поправен. Еден од блоковите во оваа термоелектрана редовно не е во функција, има и проблеми со ископот на јаглен, а најверојатно има проблеми и во ТЕЦ Неготино каде што замина кадарот кој работеше на котлите. Лани работеше само еден од котлите што говори дека има некаков проблем и таму. Со оглед на искуството од лани може да очекуваме испади на блоковите во критичните моменти. Тоа значи дека ќе имаме тешкотии во снабдувањето“, предупреди професорот Константин Димитров, професор во пензија на Машинскиот факултет.

Димитров навести дека и увозот на струја може да биде проблематичен бидејќи дел од земјите веќе одлучија да не извезуваат струја.

„Романија и Унгарија веќе го сторија тоа, а дел од производните енергетските капацитети во остатокот од Европа имаат проблем со обезбедување гориво за работа на термоелектраните и нуклеарните централи, а хидроелектраните поради сушата не можат да ги произведат планираните количини струја. Со еден збор ќе биде тешко да се помине зимата без проблеми“, вели тој.

Македонската асоцијација за енергетика неодамна побара од Владата да им овозможи на компаниите кои поставуваат фотоволтаици за да произведуваат струја за сопствените потреби полесно да ги завршат процедурите, а производството од обновливи извори на енергија целосно да биде насочено кон компаниите кои се соочени со високи цени на увезената струја. (С.К.)

Константин Димитров Кочо Анѓушев Крешник Бектеши Македонската енергетска асоцијација цена на електрична енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.