Силниот циклон „Деби“ го опустоши североисточниот брег на Австралија во должина од 1.300 километри и п0редизвика големи материјални штети. Властите предупредуваат на опасност од поплави од поголеми размери.
Десетина илјади куќи останале без струја и телефонски линии, а многу места се отсечени поради оштетување на патиштата.
Како што пренесуваат агенциите, многу куќи се без покриви, а уништени се и голем број бродови.
Австралискиот премиер Малколм Турнбол го активира планот за реагирање на катастрофи, пренесува Би Би Си.
Циклонот кој првично беше означен од 4 категорија, во меѓувреме изгуби од силината и сега е на ниво на тропска бура, но Метеоролошкиот завод предупредува на разорен ветер со обилни дождови.
Заводот исто така преудпредува дека дождовите би можеле да предизвикаат излевање на реките во поширок појас во текот на оваа недела.




