Васил Тупурковски повторно е избран за претседател на Македонскиот олимписки комитет. Негови заменици, односно нови потпретседатели, ќе бидат бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур.
Тупурковски е реизбран по седми пат, доби нов четиригодишен мандат и останува единствен досегашен предводник на МОК.
Циле беше избран со акламативна поддршка од страна на делегатите, со само еден глас воздржан. Неговиот противкандидат, кајакарот Атанас Николовски, не обезбеди доволно гласови за да го смени Тупурковски од тронот.
Изборот на потпретседателите Камчев и Георгиевски е на самиот Тупурковски.
Новото раководство на МОК во наредните четири години се надева дека успешно ќе функционира и дека сето тоа најдобро ќе се изрази кај нашите Олимпијци. Следниот предизвик се Олимписките Игри во Токио.