Балканските земји треба да ги почитуваат добрососедските односи и да престанат во национализмот, изјави денес во Атина грчкиот премиер Алексис Ципрас по неговата средба со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.
„Верувам дека европската перспектива за Балканот треба да ги дистанцира овие земји од национализмот, тие да ги почитуваат принципите на добрососедските односи и на човековите права“, изјави Ципрас.
Една од главните теми на средбата во четири очи помеѓу Туск и Ципрас било и справувањето со бегалската криза. Ципрас очекува дека и понатаму ќе се почитува договорот помеѓу ЕУ и Турција со кој бегалците остануваат во Турција и не се пуштаат кон земјите на ЕУ. Сепак, некои земји како Полска и Унгарија не сакаат да примат бегалци па Ципрас изрази незадоволство поради овој факт.
„Треба да ги интензивираме напорите да се задржи затворена балканската рута и да се справиме ефективно со мигрантските текови. Оние кои се дојдени нелегално треба или да добијат азил или да се вратат назад во нивните држави“, истакна Туск.




