Премиерите на Грција и Бугарија, Алексис Ципрас и Бојко Борисов денеска се сретнаа во Софија за да разговараат за соработка во секторите енергија, транспорт и одбрана, јави весникот „Катимерини“.
Преку Твитер, Ципрас ја опиша Бугарија како најблискиот партнер на Грција на Балканот. Целта на разговорите е да се подобри политичкиот дијалог и соработката помеѓу двете земји.
Ципрас и Борисов заедно ќе одржат седница на билатерален совет за да се испитаат можностите за соработка во енергијата, транспортот и другите сектори.
Двете земји веќе учествуваа во грчко-бугарската гасоводна линија и се согласија да креираат терминал за течен природен гас во близина на Александрополи, северна Грција.
Ципрас, при неговата посета на Бугарија е придружуван од неколку клучни министри во Владата.



