Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас смета дека можно е Мицотакис да оди на предвремени избори по завршувањето расправата за буџетот

0
By Ана Василевска on December 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори, оцени лидерот на грчката опозициска партија Алексис Ципрас во интервјуто за телевизијата „Стар“ од централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата во Парламентот започна вчера, а гласањето на буџетот е закажано за сабота, најдоцна на полноќ.

„Сметам дека прикривањето на нелегалните прислушувања е уште полошо од самиот криминал што е извршен. Така, сметам дека е многу веројатно господинот Мицотакис да не го отвори повторно Парламентот по расправата за буџетот и да оди на предвремени избори. Ова, го сметам за веројатно“, рече Ципрас.

Паралелно, не ја отфрли можноста да достави предлог за гласање недоверба на Владата, меѓутоа, објасни дека сепак, тоа нема да го расчисти скандалот со прислушувањата.

„Расчистувањето на скандалот го очекуваме од институцијата која е законски надлежна да расчистува скандали, тоа го очекувам од грчката правда. Затоа минатиот понеделник, пред една седмица, го посетив обвинителот на Врховниот суд, господинот Дојакос и му ги покренав сите овие прашања“, рече Ципрас.

Во однос на случајот со прислушувањата, лидерот на СИРИЗА го повтори неговиот став дека грчкиот премиер е на чело на скандалот, а целта е да добие информација „која во денешно време е клучна и корисна, за да контролира сè, да уценува“.

Алексис Ципрас Кирјакос Мицотакис Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.