Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас во ЕП не одговори за јазикот и националноста во Договорот

0
By Нова ТВ on September 11, 2018 ПОЛИТИКА
Фото. АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во дебатата со европратениците не одговори директно на прашањето на грчкиот европратеник од Нова Демократија, Манолис Кефалојанис, за тоа како ќе се нарекува јазикот и националноста на Македонија ако биде усвоен Преспанскиот Договор.

– Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас.

Потоа тој го праша Кефалојанис „како досега ја нарекуваа државата во Европскиот Парламент“?

– Сите овие претходни години, кога беше претходникот на Заев на власт, господинот Груевски кога доаѓаше во Европарламентот, како го нарекуваа? Вашите колеги, како го нарекуваа? Дали мнозинството во ЕПП го нарекуваа „од Скопје“? Ова е Европскиот Парламент, не можеме да се однесуваме како во грчкиот Парламент и да ја сметаме оваа тема за табу, да ја закопуваме главата во песок. Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано. Не се жалите што и покрај тоа Заев и неговите граѓани доаѓаат во Грција, и тоа е добро што доаѓа на нашето крајбрежје и ја помагаа нашата економија, но влегуваа во Грција со пасош на кој стои Република Македонија. Ако ја смениме ситуацијата тие ќе доаѓаат како граѓани на Северна Македонија, рече тој.

Грчкиот премиер истакна дека отсега ќе биде јасно дека Македонија не може да претендира на „античкото грчко македонско наследство“.

– Не знам дали е ова значајно, но со години Груевски, кој и припаѓа на националистичката екстремна десница ја наполни својата земја со споменици од Александар Велики, во секој град, на секој плоштад и многу други симболи на античка грчка Македонија. Во иднина никој нема да има право тоа да го прави, ни сегашниот, ни идните премиери нема да имаат право да велат дека Александар Велики е дел од нивното наследство. Нели е значајно ова за вас?, му одговори Ципрас на Кефалојанис.

Уште поважно, како што посочи Ципрас, секој премиер на оваа земја ќе потврди дека неговата земја е словенска и неговиот јазик словенски. -Досега тоа не се случило, додаде грчкиот премиер.

Ципрас ги критикуваше двете опозициски партии во Грција и Македонија, кои двајцата премиери ги обвинуваат за „предавство“.

– Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд, рече Ципрас.

Договорот ЕП Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.