Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура: Не постои ниту едно оправдување или правна основа за тортура!

0
By Marija Todorovska on June 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 26, 2024 13:48

На Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура, ЦИВИЛ се придружува кон глобалните повици за ставање крај на тортурата и секој вид на нечовечно и понижувачко постапување против поединци и групи.

Според Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување (Член 1), тортура значи секој чин со кој силна болка или страдање, без разлика дали е физичка или ментална, се нанесува намерно врз лице за цели како што се извлекување информација за трето лице или признание. Понатаму, дефиницијата за тортура подразбира и казнување за дело што тој/таа или трето лице го извршило или за кое постои сомневање дека го извршило. Под тортура се подразбира и заплашување, принуда или дискриминација од кој било вид, кога се нанесува болка или страдањето од или со поттик, согласност или прифаќање од јавен службеник или друго лице кое дејствува во службено својство.

Тортурата нанесува трајни последици врз жртвите и сее терор меѓу луѓето. Таа е забранета со меѓународното право и со националните устави и закони на сите држави членки на ОН. Наспроти тоа, во светот расте бројот на жртви од тортура што ја спроведуваат полициски, воени и паравоени формации врз цивили, вклучително и жени и деца, или воени затвореници.

Најгрозниот чин што може да го изврши некој врз друг човек е токму тортурата. Не постои ниту едно оправдување или правна основа за тортура, без оглед на тоа дали се работи за сомнеж за криминал, загрозување на безбедноста на државата или било каква друга причина.

Жртвите од тортура се соочуваат со ѕидот на молкот и продолжена стигматизација во општеството. Тоа е неприфатливо!

Затоа, ЦИВИЛ, во име на хуманоста и меѓународното право, повикува на решителна и гласна акција против тортурата. Воедно, ЦИВИЛ повикува на целосна и недвосмислена поддршка на жртвите од тортура. Сите политички, институционални и граѓански ентитети, поединци и групи, имаат обврска да се вклучат во борбата против ова антицивилизациско зло. Сечиј придонес е важен!

ЦИВИЛ

Тортура Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.